Почетна / Медиа Центар / Гасовод МК–ГР
Проекти18 Јуни 2025

Старт на гасоводниот интерконектор Македонија — Грција

Рапид Билд официјално започна со изведба на дел од трасата на гасоводниот интерконектор помеѓу Северна Македонија и Грција — еден од најзначајните енергетски проекти во регионот. Интерконекторот ќе ги поврзе преносните системи на двете земји и ќе овозможи нов правец на снабдување со природен гас.

Во првата фаза се изведуваат земјани работи, транспорт и распоредување на челичните цевки по трасата, заварување и спуштање во ров. Целиот процес се одвива според најстроги стандарди за безбедност и заштита на животната средина, со континуиран геодетски и квалитетски надзор.

„Овој проект е потврда за капацитетите на домашната градежна индустрија да реализира инфраструктура од стратешко значење", изјавија од проектниот тим на Рапид Билд.

Траса
Заварување
Машински парк
← Медиа Центар