Почетна / Медиа Центар / Заедно со заедницата
Општествена одговорностЗаедница

Заедно со заедницата

Секој објект што го градиме е дел од заедницата — патишта по кои ќе се движат луѓето, згради во кои ќе живеат и работат, инфраструктура што го подобрува секојдневието. Затоа чувствуваме одговорност не само кон инвеститорите, туку и кон местото и луѓето околу нас.

Со секој проект отвораме нови работни места и им даваме шанса на локални мајстори, инженери и работници. Веруваме дека растот на компанијата треба да значи и раст на заедницата — преку стабилни вработувања и пренос на знаење.

Каде што е можно, ангажираме локални добавувачи и подизведувачи, поддржувајќи го домашното стопанство и намалувајќи го транспортот и влијанието врз околината.

Учествуваме и во проекти од јавен интерес — инфраструктура, водоснабдување, наводнување и енергетски системи што директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. За нас, тоа е најдобриот начин да оставиме трајна и позитивна трага.

Општествена одговорност← Медиа Центар