Почетна / Медиа Центар / Хала 25.000 m²
Проекти02 Мај 2025

Индустриска хала од 25.000 m² во Речица, Куманово

Рапид Билд започна со изградба на голема индустриска хала од 25.000 m² во индустриската зона Речица, Куманово — еден од најголемите индустриски објекти во нашето портфолио.

Објектот е решен со челична конструкција од голем распон, што овозможува максимална искористливост на просторот без внатрешни столбови. Во тек се земјаните работи, темелите и подготовката за монтажа на конструкцијата.

Халата ќе располага со кранска патека, утоварни рампи и логистички зони за производство и складирање, со зенитно и енергетски ефикасно ЛЕД осветлување.

Хала 25.000 m²
Внатрешност
Механизација
Градилиште
← Медиа Центар