Почетна / Медиа Центар / Гасовод Скопје–Тетово–Гостивар
ПроектиГасоводи · Енергетика

Изградба на магистралниот гасовод Скопје–Тетово–Гостивар

Рапид Билд учествува во реализацијата на магистралниот гасовод на делницата Скопје–Тетово–Гостивар — значаен инфраструктурен проект во рамките на националната гасоводна мрежа, наменет за снабдување на западниот регион со природен гас.

Проектот опфаќа изградба и полагање на магистрален гасовод со дијаметар Ø20″ и должина од 78 километри, како и приклучна делница со дијаметар Ø6″ и должина од 10 километри. Предвидена е и изградба на блок-станици и главни мерно-регулациони станици во Тетово и Гостивар.

Работите се изведуваат на разновиден и технички предизвикувачки терен, кој опфаќа рамничарски подрачја, карпести делови и планински премини. Изведбата вклучува трасирање, ископ, заварување, изолација, поставување на цевководот и рекултивација на теренот.

Во реализацијата на проектот учествуваат повеќе компании, со заедничка цел за квалитетна, безбедна и ефикасна изведба на овој значаен инфраструктурен зафат.

Гасовод
Гасовод
Гасовод
Гасовод
Види проект← Медиа Центар