Делницата опфаќа изградба на нов автопат со придружни објекти — мостови, тунели, потпорни ѕидови и комплетна патна инфраструктура, изведена низ барателен терен.
Главни работи. Земјени работи и ископи, изградба на долна и горна носива конструкција, мостови и тунели, асфалтирање, одводнување и сообраќајна сигнализација.
Предизвици. Координација на повеќе фронтови истовремено и работа во услови на тежок терен и временски ограничувања.
Применета механизација. Багери, дампери, грејдери, асфалтни бази, машини за набивање и опрема за мостоградба.
Резултат. Безбедна и брза патна врска предадена во употреба пред договорениот рок.