Почетна / Проекти / Бензинска станица Детоил — Ветерско, Велес (Е-75)
Бензински станици · Детоил

Бензинска станица Детоил
Ветерско, Велес (Е-75)

Современа бензинска пумпна станица — проектирање и изведба клуч во рака.

Е-75Коридор
Ветерско, Велес (Е-75)Локација
2025Реализација
ДетоилИнвеститор
Бензинска станица Детоил
Бензинска станица Детоил
Бензинска станица Детоил
За проектот

Современа бензинска станица на Коридорот Е-75

Проектот опфаќа проектирање и изградба на современа бензинска станица со комплетна придружна инфраструктура, реализирана по принцип „клуч во рака“. Објектот е проектиран да обезбеди висока функционалност, безбедно складирање и дистрибуција на горива, како и современи комерцијални содржини за патниците. Проектот вклучува изградба на продажен објект, монтажни и инсталациски системи, подземни резервоари за гориво, точилни острови, сообраќајни и манипулативни површини, паркинг, атмосферска канализација, хортикултурно уредување и комплетно партерно уредување со асфалтирање и надворешна инфраструктура.

Улогата на Рапид Билд

Рапид Билд го реализираше проектот по принцип „клуч во рака“, обезбедувајќи проектирање, набавка на материјали и опрема, организација на градилиштето и целосна изведба на сите градежни, градежно-занаетчиски, инсталациски и надворешни работи. Проектот е реализиран со сопствени инженерски тимови, современа механизација и високо ниво на координација, при што посебен акцент е ставен на безбедноста, квалитетот и исполнувањето на стандардите што важат за изградба на објекти за складирање и дистрибуција на нафтени деривати.

Тип
Бензинска пумпна станица
Локација
автопат Е-75, Ветерско, Велес
Инвеститор
Детоил ДОО Куманово
Улога
Главен изведувач · проектирање и изведба
Реализација
2025
Статус
Завршен
Побарај понуда за објект
Галерија

Од проектот

← Сите проекти