Почетна / Проекти / Топлификација на Битола
Топловоди · Енергетска инфраструктура

Топлификација на Битола,
Новаци и Могила

Магистрален транспортен топловод од РЕК „Битола“ до Битола и вреловодна дистрибутивна мрежа за градот — I фаза

РЕК БитолаИзвор на топл. енергија
12,83 kmМагистрален топловод
16 kmДистрибутивна мрежа
€46,5 млнВкупна инвестиција
Магистрален топловод од РЕК Битола
Топловод
Топловод
Топловод
За проектот

Топлинска енергија од РЕК „Битола“ до градот

Проектот „Топлификација на Битола, Новаци и Могила – I фаза“ претставува стратешка енергетска инвестиција чија цел е искористување на топлинската енергија од РЕК „Битола“ и нејзин пренос до градот Битола и околните општини. Со изградбата на магистралниот топловод и дистрибутивната мрежа се воспоставува современ и енергетски ефикасен систем за снабдување со топлинска енергија, кој придонесува за одржлив развој, подобрување на енергетската сигурност и намалување на влијанието врз животната средина.

Улога на Рапид Билд

Рапид Билд, како дел од изведувачкиот конзорциум, учествува во реализацијата на проектот преку ангажман на сопствени инженери, проектни менаџери, градежни тимови и специјализирана механизација. Компанијата придонесува со своето искуство во изведба на комплексни инфраструктурни проекти, обезбедувајќи високо ниво на организација, квалитет и ефикасност во секоја фаза од изградбата.

Тип
Регионална енергетска инфраструктура
Магистрален топловод
12,83 km
Инсталиран капацитет
100 MW
Годишно производство
125.000 MWh
Почетни приклучоци
35 јавни објекти
Инвеститор
АД ЕСМ
Финансирање
KfW Development Bank
Конзорциум
RBA TERMO JV
Надзор
iC consulenten (Австрија)
Улога на Рапид Билд
Изведба на градежни работи
Статус
Во изградба
Побарај понуда
Галерија

Од трасата

← Сите проекти