Почетна / Медиа Центар / Топлификација на Битола
ПроектиТопловоди · Енергетика

Топлификација на Битола, Новаци и Могила — магистрален топловод од РЕК „Битола"

Рапид Билд, како дел од изведувачкиот конзорциум „RBA TERMO JV", учествува во реализацијата на проектот „Топлификација на Битола, Новаци и Могила" — I фаза, еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти во регионот.

Проектот опфаќа два објекти: магистрален транспортен топловод од термоцентралата РЕК „Битола" до градот Битола, и вреловодна дистрибутивна мрежа за град Битола заедно со сите припадни приклучни цевки. Целта е искористување на топлинската енергија од РЕК „Битола" за ефикасно и еколошко греење на градот и околните населби Новаци и Могила.

Работите вклучуваат полагање, заварување и изолација на челични цевки од голем дијаметар по трасата, спуштање во ров, како и изведба на дистрибутивната мрежа во градот — со тешка механизација и висок стандард на безбедност.

Инвеститор е АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) – Скопје, а проектот е финансиран од KfW Development Bank – Германија. Надзорот го врши iC consulenten Ziviltechniker GesmbH од Австрија. Изведувачкиот конзорциум „RBA TERMO JV" го сочинуваат ГД „Гранит" АД – Скопје, ДГУ „Рапид Билд" ДОО – Куманово и „Атоменергоремонт" АД – Бугарија.

Топловод
Топловод
Топловод
Топловод
Види проект← Медиа Центар